Лажен принц од Црна Гора и Македонија се луксузирал низ Италија

Сподели со своите пријатели

Во Италија е поднесена тужба за лажно претставување против Стефан Чернетиќ, кој со години се претставувал како принц од Црна Гора и Македонија, наследник на династијата Црнојевиќи.

Како наведуваат тамошните медиуми, истрагата против него била започната уште минатото лето, а иницијативата тргнала од Министерството за надворешни работи на Италија, од каде биле доставени фотографии од Чернетиќ на сите единици на полицијата на национална територија со образложение дека се работи за личност која не е дипломатски претставник и дека не ужива право на имунитет врз основа на Виеднската конвенција за дипломатски односи.

Истрагата започнала кон крајот на август минатата година, по неговата „официјална“ посета на Бринџизи и околината.

Во таа прилика, како пренеусваат италијанските медиуми, Чернетиќ се сретнал со повеќе претставници на локалната смаоуправа, а на состаноците доаѓал со „Мерцедес“ на кој имало знамиња на Црна Гора, а стоеле и лажни дипломатски ознаки.

 

Loading...

 

Според тамошните медиуми, директна причина за тужба против Чернетиќ е сметка која една луксузна вила во Пуља ја доставила до амбасадата на Македонија.

Со Чернетиќ е обвинет и италијански државјанин кој го следел на патувањата каде се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија. Се работи за лице кое претходно било обвинувано за лажно претставување и измама. Двајцата во луксузната вила живееле гратис од 23 до 31 јули 2016 година, а сметката пристигнала до македонското дипломатско претставништво.

 

 

Тужба иницирале од Бринџизи непосредно по постетата на Чернетиќ на таа општина, а подоцна во истрагата биле вклучени и единици од Торино, Авелин и Бергам, кои конфискувале низа печати, лажни дипломатски пасоши, налепници на дипломатски претставници, па и дипломи со црногорски грб и натпис „Royal Imperial House of Montenegro and Macedonia“.

 

Loading...