13.02.2018 10:20

На Табановце приведено лице барано под сомнение за убиство во обид


Вчера во 10,20 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во Р.Македонија од страна на полициски службеник бил лишен од слобода М.Г.(37) од с.Радолишта- струшко, затоа што при проверка во оперативна евиденција истиот се барал по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка „лиши од слобода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ по чл.123 в.в. чл.19 од КЗ на РМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments