На Табановце откриени возила без соодвени документи како превезуваат патници

Сподели со своите пријатели

Четири автобуси и едно патничко возило вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, а биле откриени на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 23, 24 и 25.10.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на пет моторни возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, како што велат од полицијата, контролирани биле четири автобуси и едно патничко возило, кои не ја поседувале законски пропишаната документација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

– При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, управувано од Т.К.(24) од општина Василево, два автобуса со битолски регистарски ознаки, управувани од С.З.(56) од Битола и од Т.К.(47) од Битола, два автобуса со скопски регистарски ознаки, управувани од З.М.(65) од Скопје и од А.Г.(40) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација, соопштуваат од МВР.

Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени биле соодветни санкции за возачите и правните лица.

Никола Ивановски