На Табановце откриени превозници на патници без соодветна документација

Сподели со своите пријатели

Автобус и комби кои вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација добија соодветни санкции откако вчера биле откриени на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 25.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на еден  автобус и едно комби кои вршеле меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57 од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водостојот на Пчиња надмина еден метар

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции.

Никола Ивановски