На паркингот се отвори дупка и буквално проголта автомобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Мумбаи, Индија, бил забележан бизарен случај кога земјата буквално „проголта“ паркиран автомобил.

Loading...

Инцидентот се случил за време на обилните дождови во Мумбаи, а на снимките се гледа како автомобилот исчезнува во дупка исполнета со вода.

Истрагата утврдила дека тој всушност завршил во бунар кој не бил користен и бил покриен со бетон, сепак, бетонот пукнал и автомобилот исчезнал во бунарот.

Возачот рекол дека не можел ни да сонува дека нешто слично ќе му се случи и дека не знаел дека го паркирал автомобилот над бунарот.

Неколку часа подоцна, автомобилот бил извлечен на површината.

 

Leave a Reply