На овој аеродром смеат да слетаат само осум пилоти од целиот свет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патниците кои летаат кон овој одалечен регион обично мора да испијат нешто за смирување, за да го поднесат слетувањето на аеродромот Паро во Бутан.

Малиот аеродром сместен е помеѓу стрмните планини на Хималаите и се смета за најопасен во светот.

Монако, Ватикан… Што кога државата е премала за аеродром?

Loading...

Силните ветрови дуваат во долината и често предизвикуваат сериозни турбиленции. Патниците кои имале можност да слетаат на аеродромот, искуството го опишуваат како „застрашувачко“.

Се наоѓа на надморска височиа од 2.235 метри и опкружен е со планинските врвови на најголемиот ланец во светот. Планините околу аеродромот се издигаат до 5.500 метри, па индиректно се заслужни за нестабилните метеоролошки услови.

 

 

На овој аеродром постои само една бетонска писта која е долга 1.981 метар и бара брзо спуштање. Поради тоа авионите тука можат безбедно да ги спуштат само осум посебно квалификувани пилоти, пишува Дејли мејл.

Полетувањата и слетувањата се одржуваат само во текот на денот и само доколку тоа го дозволуваат временските услови.

Паро името го добил по блиската река, а изграден е во 1968. година. Во почетокот се користел како хелиодром на индиските вооружени сили во име на Владата на Кралството Бутан. По основањето на брвата бутанска авио компанија „Друкаир“ во 1981. година неговата намена е проширена.

ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Аеродром кој е тајно место за масоните и слугите на ѓаволот (ВИДЕО)

Поради ограничениот простор и екстремните услови тука во почетокот можеле да слетаат само одредени летала „СТОЛ“, а нешто подоцна и „Дорниер 228-200“.

И покрај тешките услови, аеродромот го користат 30.000 патници годишно, кои одморот сакаат да го минат во Бутан.

Leave a Reply