На оваа грчка плажа луѓето дневно трошат и до 100.000 евра (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во најпознатито бар Намос кој се наоѓа на плажата Псароу на островот Миконос, лежалка која се наоѓа во првиот ред до морето чини од 300 до 500 евра дневно. Оваа цена не е единствена од која може да ви се заврти во главата. Кафето во овој локал чини девет евра, како и водата, додека за сок ви се потребно 14 евра. Оние кои сакаат да појадуваат мора да издвојат 25 евра.

Цената на лежалката во намос не е иста за секој гостин.

„Обичните смртници“ мора од паричникот да извада 120 евра и за тој износ ќе добијат две лежалки и сунцобран. Меѓутоа, претстанвици на меѓународниот џет сет, богати магнати и холивудски ѕвезди кои сакаат да резервираат во првиот ред до морето ќе платат енормна сума, од 300 до 500 евра.

10 најповолни дестинации за одмор годинава

Loading...

Посетителите на кафулињата во кои цените се назимсливи, дневно трошат од пет до сто илјади евра.

Кафето во барот Намос се движи од пет евра за едноставно еспресо и достига девет евра за ирско кафе. Фредо капучино е осум евра, а исто толку и флаша обична вода. Сокот чини 14 евра, како и смути од свежо овошје.

Намос појадок со кафе, сок од портокал, леб, путер, домашен џем, мед, јајца, каша со ораси, јогурт, воќни салати, разни сирења и кроасати чинат 35 евра, а седнвичот со пилешко е 25.

 

 

Во ресторанот кој веќе долго е атракција за интернационалниот џет сет, сопствениците минатата година вложиле 1,5 милиони евра.

Сега е трансофрмиран во луксузно „село“ со сопствен трговски ценар, гламурозни бутици, масажа и спа салони.

Се помалку луѓе бираат плажа како летен одмор

Услугата секогаш е стандардна – од плажа до ресторан, плажата е кристално чиста, а атмосферата е софистицирана.

Треба да се додаде дека во овој бар минатата сезона, од мај до септември, потрошени се 36.000 шишиња фино француско шампањско, односно 300 флаши дневно.

Leave a Reply