10 најповолни дестинации за одмор годинава

Сподели со своите пријатели

Британското издание на „Бизнис инсајдер“ во својата листа најповолни дестинации за седумдневен одмор ја сместува и Хрватска. Имено, интернет страниците специјализирани за споредување на цените за патување, установиле дека значително поповолно е да се летува во Турција, Шпанија, Египет, Грција или Португалија, туку во Хрватска.

„Бизнис инсајдер“ ги споредувал цените за сместување за седумдневен ол-инклузив аранжман во период од 1 март и 30 септември. Според оваа пресметка, одмор во Хрватска чини 726 евра по лице. Трошоците за седумдневен одмор во Дубровник годинава пораснале за 405 отсто. Сепак може да се пронајде и поповолна понуда. БИ истражува примерок од Трпањ, каде во хотел со три ѕвездички може да се летува за 335 евра.

Седумдневното летување на Кипар чини 680 евра по лице, а цените на тој остров се намалени за 12 отсто во однос на минатата година. За еднакво долг летен одмор во Португалија треба да го издвоите истиот износ.

Во Египет може да се летува веќе за 592 евра по лице, а во Грција за 591 евро, со тоа што цените на аранжмани на грчкиот остров Крети се намалени за 13 отсто во однос на минатата година.

 

Loading...

 

Седумдневно летување во Шпанија може да имате по цена од 574 евра по лице, а дефинитивно најевтино место во таа земја е Лорет де Мар.  Седумдневен ол-инклузив на Малта чини 552 евра по лице, а во Мароко 538 евра, со тоа што најповолно е во агадир, каде цените во однос на минатата година се намалени за 13 отсто.

Седум дена во Турција чинат околу 530 евра по лице, а Бизнис Инсајдер ги препорачува Алања и Анталија, како и Бодрум, Мармарис и Олудениз.

 

 

Бугарија на оваа листа е најевтина земја за ол-инклузив одмор во 2018. година, со 525 евра по лице за недела дена летување.

Leave a Reply