Мултиполарен свет: Макрон неприкладен гостин на самитот на БРИКС

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон би бил несоодветен гостин на самитот на БРИКС, ја цитира агенцијата РИА изјавата во четвртокот на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, критикувајќи ги земјите чии политики Русија ги смета за непријателски.

Loading...

Групата на земји во развој (БРИКС), составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, треба да одржи самит во Јоханесбург во август.

Запрашан за желбата на Макрон да присуствува на самитот, Рјабков рече:

„Јасно е дека лидерите на земјите кои водат таква непријателска и неприфатлива политика кон нас, зборуваат со таков акцент и убедување дека Русија треба да биде изолирана на меѓународната сцена и споделуваат заедничкиот став на НАТО да ни нанесе таканаречен стратегиски пораз. Таков лидер е несоодветен гостин на БРИКС“.

– И овој наш пристап не го криеме, тоа им го кажавме на колегите од Јужна Африка. Очекуваме дека нашата гледна точка ќе биде целосно прифатена – рече Рјабков.

Јужна Африка моментално ги разгледува правните опции доколку рускиот претседател Владимир Путин одлучи да присуствува на самитот на БРИКС бидејќи Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во март поради конфликтот во Украина.

Јужна Африка е членка на МКС и теоретски би требало да го уапси доколку присуствува на самитот на БРИКС, пишува Ројтерс.