МТСП: Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика преку фондот на ПИОМ обезбедува и во иднина ќе обезедува редовна исплата, стабилен и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари.

Loading...

Оваа Влада со Закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно и тоа два пати во годината. Исто така воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%.

Со новата законска регулатива се стабилизира пензискиот систем, без притоа да се зголеми старонста граница за пензионирање и без замрзнување на пензиите. Главната цел на овие реформи е спречување на ширењето  на дефицитот во фондот на ПИОМ и негово намалување.

Leave a Reply