Мотоциклист повреден при судир со „хонда“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен мотоциклист од Скопје бил повреден откако неговиот мотор завчера се судрил со „хонда“ на патот Куманово – Свети Николе.

Loading...

– На 16.10.2023 околу 15.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Добрoшане, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.М.(31) од с.Доброшане и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А.(50) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски