Мостот меѓу Канада и САД повторно отворен по експлозијата на автомобил

Сподели со своите пријатели

Граничниот мост меѓу САД и Канада, затворен во средата по експлозија на автомобил во близина на Нијагарините водопади, денеска е повторно отворен, соопштија канадските власти.

Loading...

„Патничкиот сообраќај се нормализира на граничниот премин Виножито мост Нијагарините водопади“, соопшти канадската агенција за гранични услуги.

Граничниот премин, еден од главните копнени премини меѓу двете земји, беше затворен во средата откако во експлозија на големо возило загинаа две лица.

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) заклучи дека се работи за несреќен случај, бидејќи имало сомневање за напад додека САД се подготвувале да го прослават Денот на благодарноста.