Морничав црвен круг блесна над Јадранот, не е НЛО: Еве што велат научниците

Сподели со своите пријатели

Црвено светло во форма на огромен прстен пред десет дена го осветли небото над централна Италија и Јадранот.

Loading...

Оние кои го виделе велат дека траело само кратко, но италијанскиот фотограф Валтер Биното успеал да направи неколку фотографии.

Се разбира, се појавија многу теории бидејќи прстенот „изгледаше како џиновско НЛО“.

Но, тоа не е така, рекоа научниците и објаснија за каков феномен се работи.

Над Јадранот се појави ELVE.

Феноменот е познат и како – емисија на светлина и многу ниско фреквентно нарушување во средината на изворот на електромагнетни импулси.

Претставува вид на пореметување создадено во стратосферата или мезосферата поради интензивното наелектризирање на грмотевиците.

Со други зборови, кога електромагнетни импулси на молња ќе ја погодат јоносферата на Земјата, во нејзините горни делови се појавува црвена светлина, пишува National Geographic.

Loading...

Дијаметарот на тој прстен бил 360 км.

За прв пат вакви прстени се снимени дури во 1990 година, бидејќи најчесто се видливи само од вселената.

Неколку од нив беа снимени од камерите на НАСА.

Причината за добрата видливост на тој прстен е силната бура која ја зафати Анкона и произведе моќни бранови од електричен удар.