Момчето не можеше да ја скрши таблата со нога, но тренерот не се откажа од него (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видеото со инструктор по карате и мало момче го привлече вниманието на корисниците на Reddit.

Loading...

Клипот покажува момче кое се бори со нога да ја скрши таблата што ја држи инструкторот. Тој не може да го стори тоа, што го тера да плаче, но инструкторот не се откажува од него. Го охрабрува да се обиде повторно секој пат. По неколку неуспешни обиди, децата во собата почнаа да навиваат. Момчето конечно успева да го скрши предметот со ногата, па сите скокаат да го гушнат и да му честитаат.

„Моќта на позитивното влијание“, стои во описот на снимката.

Луѓето беа воодушевени од односот на инструкторот, но и другите деца кои не го исмејуваа момчето.

„Реакцијата на другите на неговиот успех е дури и подобра од самиот успех“, коментирал еден човек.

 

 

Loading...