Мобилниот на Обама нема камера и не пушта музика

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски држави Барак Обама изјавил дека со доза на љубомора гледа кога неговата сопруга и децата користат паметни телефони додека тој мора да користи ограничен уред поради безбедноста.

Американскиот претседател гостувајќи во популарна американска емисија каде бил на интервју, добил прашање дали и тој користи BlackBerry, а тој одговорил дека неговиот мобилен телефон не е воопшто толку современ.

Не сакал да го именува производителот и името на телефонот кој го користи, но рекол дека поради безбедносни причини мобилниот не може да фотографира, пушта музика, исрпаќа пораки, дури ниту да телефонира.

 

Loading...