Млади Руси со јахти избегале во Јужна Кореја: Им го одбиле влезот!

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 20 Руси отпловиле до Јужна Кореја со јахти во очајнички обид да избегнат регрутација, но на повеќето им бил забранет влезот, објавија повеќе медиуми.

Loading...

Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација на 21 септември, имаше егзодус на мажи на возраст за регрутирање од Русија, иако повеќето побегнаа по пат, железница и воздух во Европа и соседните земји од поранешниот Советски Сојуз, како Грузија, Азербејџан и Казахстан.

Јужнокорејската телевизија КБС објави дека најмалку 21 Русин пристигнале со јахти во пристаништата на југот на земјата, но само на двајца им бил дозволен влез.

Официјален претставник на крајбрежната стража одби да каже зошто на другите им бил забранет влезот.

КБС објави дека три јахти се закотвиле во југоисточниот пристанишен град Поханг во текот на изминатите неколку дена, претежно со мажи на возраст од 20 и 30 години.