МКК Куманово утре го пречекува Ангели

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово утре во рамките на 4то коло од Втората лига ќе го пречекаат тимот на Ангели.

Loading...

По завршувањето на третото коло кумановци останаа да го држат првото место во табелата делејќи исти бодови со Водно Санс, но и на двата тима во врат им дишеше токму КК Ангели на третата позиција.

Во утрешниот интересен натпревар публиката ќе може да ужива во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 20:00 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Тромеѓа нападнат во Пчиња