МКК Куманово незапирлив: Падна и Водно Санс

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово впишаа петта победа во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Loading...

Викендов на гостински терен го совладаа составот на Водно Санс со резултат 63:82 и ја зацврстија својата лидерска позиција во табелата.

Одлично отворање имаше капитенот на гостинската екипа Марјан Јанески, кој даде десет од своите 26.поени уште во првата четвртина во која неговата екипа обезбеди двоцифрена предност (26:15). До полувремето таа разлика беше уште поголема (50:32).

Сосема доволна за да се продолжи победничката серија на „сино-белите“.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково крадел возила низ Скопје