МИСТЕРИЈАТА Е РЕШЕНА: Откриено кој бил Џек Мевосек

Сподели со своите пријатели

Убиецот од улиците на Лондон бил инспирација за книги и филмови, но неговиот идентитет не бил познат до ден денес. Дваесет и тригодишниот берберин од Полска свирепо убивал жени на улиците во Лондон во Викторијанското време?

Loading...

Научници од Универзитетот Џон Мор во Ливерпул тврдат дека го откриле идентитетот на серискиот убиец кој во далечната 1888 година убил пет жени.

Откако испитале ДНК примерок од новооткриен доказ – крвав шал кој припаѓал на убиената Кетрин Едоус, повеќе нема мистерии. Вистинското име и презиме на Џек Мевосек е Арон Комински, берберин од Полска, кој имал 23 години.

Своето откритие научниците го споделиле во „Дневник на форензички науки“.

– Прв пат систематично опишавме анализа на молелукарно ниво, со еден преостанат физички доказ препишан на Џек Мевосек. На истиот материјал пронајдени се ДНК профили на две личности – убиецот и жртвата, што ја засилува статистичката веројатност за идентификација и ја потврдува автентичноста на шалот, објсануваат научниците.

Шало бил пронајден покрај Кетрин Едоус, прекирен со дамки за кои се верувало дека водат потекло од нејзината крв. Бизнисменот Расел Едвардс го откупил шалот на аукција во 2007 година, кога го предал на научниците. Првите резултати од истражувањето на шалот ги изложил др. Џари Лухелејнен во 2014 година, кој го посочува Арон како потенцијален убиец.

Меѓутоа, останатите научници ова откритие го прогласиле за „ѓубре“, сметајќи дека направил грешка во номенклатурата во својата анализа.

Арон Комински живеел во улицата Гринфилд, на адреса одалечена околу 180 метри од местото на која ја усмртил својата трета жртва Елизабет Страјд. Живее со двајца браќа и сестра.

Loading...

Кетрин Едоус убиена во ноќта на 30 септември 1888 година во дело на Лондон наречен Вајтчепл, а таа била втра жртвата истата вечер, кога само еден час претходно, Џек Мевосек го пресекол грлото на Елизабет Страјд. На Кетрин и биле извадени матката и бубрезите, а образите и биле исечени.

Останатите три жртви на мистериозниот убиец се Мери ен Николс, Ени Чепмен и Мери Џејн Кели.

Leave a Reply