Мистерија за убиство на студент која и по 60 години леди крв во вените повторно се истражува

Сподели со своите пријатели

Руски истражутели повторно отвараат случај за мистериозна смрт на група советски студенти кои во 1959 година тргнале на планинрање на скии во зафрлена област на Урал, од каде никогаш не се вратиле.

Loading...

Вистинската приказна, која послужила како инспирација за холивудскиот филм „Devil’s pass“ во 2013 година, спаѓа меѓу најморбидните нерешени мистерии. Првобитната истрага не донела резултати и случајот бил одложен во фиока, а сега властите одлучиле конечно да откријат што се случило.

– Роднините на жртвите, медиумите и јавноста сакаат да ја знаат истината, рекол во петок претставник на канцеларијата на јавниот обвинител Александар Куреној.

Група студенти од локалниот технички универзитет која ја предводел Игор Џатлов тргнале на последното планинско патување во февруари 1959 година. Се фотографирале и воделе дневници во кои ја опишувале атмосферата и секојдневните доживувања, кои не укажувале на нешто необично.

Меѓутоа, бидејќи не испратиле сигнал од планинското одредиште, спасувачките екипи тргнале во пограга по нив. Глетката која ги дочекала била застрашувачка и отворила низа прашања.

Нивниот шатор бил на падината која жителите на тој крај ја нарекуваат „Планина на смртта“. Бил празен и од внатре расечен со остар предмет. Сите предмети, вклучително и обувките останале во шаторот недопрени. Поради тоа многумина веруваат дека избегале во паничен страв најбргу што можеле.

Loading...

Телата на двајца планинари само во долна облека, пронајдени биле под бор, околу 1,3 километри подалеку. Уште три тела биле откриени на пат кој води од шаторот. Последните четири жртви пронајдени биле неколку месеци подоцна, во блиската река, под дебела снежна покривка.

Четворица планинари (сите на возраст од 20 до 30 години“ добиле тешки внатрешни повреди, искршеници на черепот и повреди во пределот на градите. На една жена и биле извадени и очите, и недостасувал дел од усните, а јазикот бил изваден.

Заклучокот на претходната истрага бил дека сите планинари ги убила „непозната сила“.

Потоа се појавиле уште 70 теории за можните причини за нивната смрт – од тајни воени тестови, зрачење, преку НЛО и паранормални сили.

Во недостаток на докази, сценаријата за можно злосторство се отфрлени, соопштило обвинителството, кое за почеток планира да испита дали планинарите ги убила лавина или снежна бура.

Група истражувачи и форензичари ќе ја посетат областа во март.

Leave a Reply