Минофрлачки гранати пронајдени во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неексплодирани минофрлачки гранати, кои потекнувале од Втората светска војна, вчера биле откриени во Куманово.

Loading...

– На 05.04.2022 во 14.15 часот во СВР Куманово, З.Д.(49) пријавил дека на улица „Железничка“ пронашол две неекслодирани минофрлачки гранати од Втората светска војна со калибар 75мм, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Никола Ивановски / фото: илустрација