Медведев: Бајден и Трамп се ликови од стрипови или денешните мемиња

Сподели со своите пријатели

Сегашниот и поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден и Доналд Трамп, наликуваат на ликови од стрипови или од денешните мемиња и служат како причина за бескрајните шеги кои денес кружат по мрежите и интернетот, изјави поранешниот Претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, во малку поотворен разговор за руските медиуми.

Loading...

„Да, тие имаат некои слични карактеристики на личноста со американските политичари од минатиот век, но кога ќе го погледнам сегашниот претседател и претходниот, постојано имам чувство дека гледам ликови од стрип“, рече Медведев.

Тој додаде дека е многу тешко да се спореди Бајден со Рузвелт, Ајзенхауер, Кенеди, Никсон, Форд, па дури и со Реган.

„Тоа се суштински различни политичари. А тоа е веројатно голема несреќа за Америка“, коментира тој.

„Мојата сегашна позиција ми дозволува да зборувам покатегорично и поотворено отколку во некои други периоди, без потреба да градам директна дипломатска комуникација со нив“, продолжи Медведев и истакна дека верува дека нема да има нормални односи меѓу САД и Русија во наредните децении со оглед на се што се случило.

„Најголемата закана денес не се климатските промени, туку болните старци како Бајден, кои веќе паднаа во дементирана состојба и се подготвени да започнат војна против Русија“, додаде тој.

На прашањето дали на Москва ќе ѝ биде полесно да гради односи со Вашингтон доколку Трамп повторно дојде на власт, Медведев одговори:

„Во најголема мера, не ни е грижа кој е на власт во САД. Апсолутно не ни е грижа со кого (да соработуваме), бидејќи меѓу нас владее вистински антагонизам и овие разлики нема да се надминат во наредните години“.

Loading...

Но, како што вели, и на американската длабока држава не и е гајле кој ќе биде на власт.

Важно им е да „држат се во раце“, „не им е важно кој е на власт – дали е демократ или републиканец, смешен дедо кој ги заборава презимињата на лидерите на другите земји или некои многу силен менаџер“.

Зборувајќи за внатрешните проблеми на Соединетите Американски Држави, тој изјави дека во интерес на Москва е ситуацијата во таа земја да биде стабилна и да нема граѓанска војна или отцепување на Тексас, што пред 20 години изгледаше како глупост, а за што се разговара денеска, јавува РТ Балканс.

„Ако мислите дека со нетрпение го очекуваме ова, се лажете. Причината е едноставна: Америка сè уште е најважниот играч во светот, има огромен потенцијал. Америка е наш директен противник, но од друга страна е и партнер во преговорите за нуклеарниот потенцијал“, нагласи поранешниот претседател на Руската Федерација.