Маж завршил на суд поради лајк на „Фејсбук“

Сподели со своите пријатели

Маж од Цирих е обвинет за клевера затоа што со лајк реагирал на антисемитски статус на „Фејсбук“, што веројатно е пев ваков случај на тужба за невербална реакција на социјалните мрежи.

45-годишниот маж од Цирих бил бовинет за клевета затоа што со знакот за одобрување реагирал на статус во кој тужителот се обвинува за антисемитизам. Онлајн драмата се одвивала меѓу членови на организација за заштита на животни. Претседателот на една таква организација бил нападнат за антисемитизам и расизам. Обвинетиот само „лајкнал“, не коментирал освен објава во која се тврди дека претседателот на организацијата е расист со огелд на поврзаноста со неонацистите во минатото.

Адвокатите ан претседателот велат дека со реакција на објавата мажот допринел за поголема видливост на истата за поголем број луѓе со што нанел штета.

Случајот требало да се најде на суд изминатиот понеделник, но судењето било одложено затоа што адвокатот на обвинетиот се обидува да го сруши случајот и да ги отфрли обвинувањата.

 

Loading...