Маж на граница во облеката криел 52 змии и гуштери со рогови

Сподели со своите пријатели

При претресот на мажот на американско-мексиканската граница биле пронајдени 52 живи гуштери и змии кои ги криел во облеката.

Loading...

Во соопштението на Граничната служба на Соединетите држави (САД) се наведува дека на граничниот премин Сан Исидро меѓу Сан Диего и Тихуана на 25 февруари бил запрен камион кој доаѓал од Мексико.

 

 

Се додава дека од возачот, 30-годишен американски државјанин, било побарано да го напушти возилото.

При претресот во јакната, џебовите и дел од препоните биле пронајдени девет змии и 43 гуштери со рогови.

Во соопштението се наведува дека се работи за загрозени видови и дека возачот е приведен.

Loading...