Маж држи луѓе во заложништво во пошта во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Маж, кој изгледа дека е вооружен, држи како заложници едно или повеќе лица во пошта во јапонската префектура Саитама, северозападно од Токио, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Денеска околу 14:15 часот по локално време (06:15 часот по средноевропско време), едно лице зело заложници и се заклучило во поштата во градот Вараба, објавија локалните власти на својата веб-страница.

Тие изјавиле дека лицето кое ги држело заложниците имало предмет кој личи на огнено оружје.

Според весникот Јомиури, во поштата би можело да има десет вработени.

Полицијата побарала од 300 луѓе кои живеат во таа зона да ги евакуираат своите станови, јави ТВ ТБС.

Во близина на поштата се паркирани неколку полициски возила.

Две лица се полесно повредени во околината на поштата, а засега не се знае како се случило, и дали двата инциденти се поврзани.

На телевизиската снимка се гледа осомничениот внатре во поштата, облечен во темен џемпер и капа и држи нешто што изгледа како оружје.

Loading...