Маск најави продажба на Твитер ако налета вистинскиот купувач

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека управувањето со оваа социјална мрежа е „прилично болно“ и „турбулентно“ и дека ќе ја продаде компанијата доколку дојде вистинската личност, пренесува Би-би-си.

Loading...

Маск, кој сè уште е на чело на производителот на автомобили Тесла и ракетната компанија SpaceX, го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври, а неговото лично богатство се проценува на речиси 190 милијарди долари, што го прави вториот најбогат човек, според листата на милијардери на Форбс во светот.

Денеска во интервју за Би-Би-Си, кое привлече повеќе од три милиони следбеници, на прашањето дали се кае што го купил Твитер, тој рече дека „нивото на болка е исклучително високо, а тоа не е некаква забава“.

Зборувајќи за неговото време на чело на Твитер досега, Маск рече: „Не беше досадно. Беше прилично возбудливо“.

Тој додаде дека тоа е „навистина стресна ситуација во последните неколку месеци“, но нагласи дека сѐ уште верува дека купувањето на компанијата е вистинската работа.

Маск најави дека поради обемот на работа „понекогаш спие во канцеларија“, и дека има свое место на каучот во библиотеката „каде што никој не оди“.

На прашањето од новинарите за одлуката да се додаде ознака на Твитер профилот на Би-Би-Си, опишувајќи го како „медиум финансиран од владата“, Маск рече дека знае дека „Би-Би-Си генерално не е среќен што е класифициран како државни медиуми“.

Твитер прво ја додаде ознаката „Медиуми поврзани со државата“ на главната сметка на Би-Би-Си на 4 април, пред да ја смени во „Медиуми финансирани од Владата“ во саботата.

Loading...

Тој зборуваше и за финансиите на компанијата и најави дека „повеќето нејзини огласувачи се вратиле“.

Тој исто така рече дека сега не било лесно да се намали бројот на вработени од нешто помалку од 8.000 кога го купил Твитер на околу 1.500.