Машината за перење троши двојно повеќе струја поради оваа грешка што ја правиме

Сподели со своите пријатели

Машината за перење може да биде голем потрошувач, но ако го следите овој совет, вашата сметка за струја ќе биде многу помала следниот месец.

Loading...

Машината за перење може да користи двојно повеќе струја само поради грешка што сите ја правиме.

Секое пакување детергент точно кажува колку треба да додадете на машината, но повеќето производители претеруваат, а истото го прават и корисниците кога го дозираат прашокот.

Премногу детергент ја оштетува облеката, но и драстично ви ја зголемува сметката за струја.

„Пред се, треба да се нагласи дека повеќе детергент не значи и почисто перење, иако повеќето мислат така, па луѓето претеруваат, а во реалноста само ја оштетуваат машината и облеката“, вели Мари Гаљарди, експерт за перење, како што пренесува Митрополит.си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Освен што остава бели дамки на облеката, премногу детергент може да ги оштети и одводите, што значи дека во нив ќе се таложат повеќе остатоци од детергент, па машината ќе троши двојно повеќе струја, пишува Danas.rs.

Како правилно да се пере облеката?

„Три елементи се клучни за добро перење: температура на водата, центрифугирање и комбинација од детергент и омекнувач. Само кога овие три елементи ќе се оптимизираат, алиштата ќе бидат навистина чисти“, објаснува Гаљарди.

Тој советува да се избере највисоката можна температура за перење бидејќи повисока температура значи почисти алишта.

Loading...

„Изберете програма со подолго перење и дополнително плакнење“.

Колку детергент да додадете во машината за перење?

„Важно е детергентот да е квалитетен. Можно е упатството да вели да се користи повеќе детергент отколку што е потребно. Ова ќе го знаете ако вашите алишта се многу пенливи за време на циклусот на перење. Во овој случај, користете најмала можна количина на детергент препорачана на пакувањето. Ако оваа количина не е наведена, едноставно намалете ја додека не го најдете идеалот“, резимира Гаљардиев за Dearborn.org.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Експертот додава дека најпаметно е прво да го измерите детергентот, а не да го истурате директно во машината, бидејќи само така сигурно ќе знаете колку сте додале.