Маричиќ: Обезбедуваме поголеми плати во судството и обвинителството за поголема ефикасност и непристрасност

Сподели со своите пријатели

Министерот за правда Бојан Маричиќ на регионална онлајн дебата „Унапредување на финансиската независност во судството“, кажа дека финансиската независност во судството ќе придонесе за поголема ефикасност и непристрасност при делењето на правдата. Toj потенцираше дека за таа цел Владата дала согласност за етапно зголемување на примањата во правосудството.

Loading...

-По повеќе години дебати со Здружението на судии, постигнавме договор и сериозен напредок во нашите разговори. Имено, со нив се договоривме дека, дури и во услови на светска здравствена и економска криза, Владата да даде согласност за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15%. Тие 15% од зголемувањето на платите на судиите ќе се одвиваат постепено, односно 10% оваа и 5% следната година. Ова зголемување на коефициентот во платите на судиите и јавните обвинители ќе има влијание и на платите на судските и јавнообвинителските службеници, истакна Маричиќ.

Министерот за правда кажа дека современиот судски систем, адаптиран на потребите на демократското општество е основата на владеењето на правото, правната сигурност и заштитата на човековите права и слободи.