Малолетници тешко повредени при судир на мотор и „ауди“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две малолетни лица се тешко повредени вчера при судир на „априлија“ и „ауди“ во кумановското село Черкези.

Loading...

– На 09.04.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до Д.А.(24) од с.Љубодраг-кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски