МАЛКУ ЌЕ ЗДИВНЕМЕ: Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошка работа.

Loading...

Ќе дува умерен,повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 8.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и посвежо време споредбено со изминатите денови. Во попладневните часови е можно зголемување на облачноста и краткотраен дожд со грмежи.

Loading...

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе биде од 15 степени во утринските часови до максимални 27 во текот на денот.

 

 

Утре во Куманово и околината ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува 14 степени, додека максималната дневна во текот на денот се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Малку потопло време ќе имаме во недела кога времето ќе биде претежно сончево. Во утринските часови ќе имаме температура од 17 степени, а во текот на денот од 31 степени.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply