Малезија: Се укинува смртната казна, но останува доживотниот затвор

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Малезија денеска усвои законски реформи со кои се укинува смртната казна и се предвидува намалување на бројот на кривични дела кои се каснуваат со смрт.

Loading...

Според Ројтерс, Малезија има мораториум на егзекуциите од 2018 година, кога најпрво вети дека целосно ќе ја укине смртната казна, а една година подоцна таа се откажа, што доведе до незадоволство кај одредени политички партии.

Според усвоените измени, доживотниот затвор ќе биде задржан, а најстрогите казни вклучуваат камшикување и затвор од 30 до 40 години, пренесува Танјуг.

Извршниот координатор на Азиската мрежа против смртната казна, Доби Шју изјави дека усвојувањето на амандманот е добар прв чекор кон целосно укинување на смртната казна.

„Во најголем дел, ние сме на вистинскиот пат за Малезија, тоа е одамна задоцнета реформа“, рече тој