Максим Димитриевски: На нашата веб-страница достапна изборната програма на македонски и албански јазик

Сподели со своите пријатели

На веб-страницата на кандидатот за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, поставена е изборната програма на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

Loading...

На оваа веб-страница, граѓаните може да се информираат за сите предвидени проекти кои треба да се реализираат по локалните избори од сферата на инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, инклузивноста, спортот, културата итн.

Исто така, на веб-страницата граѓаните може да го преземат Општинскиот гласник – информатор за период 2017-2021 со проектите кои се реализирани
на територија на општина Куманово.

Изборната програма е достапна на македонски и албански јазик.

Сите проекти кои се во план на имплементација по победата на 17-ти октомври може да ги погледнете на следната веб-страница: https://maksimdimitrievski.mk/.