Макрон и Фон дер Лајен одат во Кина: „Пекинг станува се поагресивен во странство“

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оваа недела ќе ја посетат Кина, официјално беше соопштено денеска.

Loading...

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Макрон и Фон дер Лајен ќе престојуваат во Кина од 5 до 7 април.

Министерството објави дека претседателот Си Џинпинг планира да разговара за билатералните односи и продлабочување на соработката и да размени мислења за други важни прашања.

Од Брисел беше соопштено дека претседателот на ЕК денеска ќе се сретне со Макрон на работен ручек, како дел од подготовките за заедничка посета на Кина.

Фон дер Лајен: Кина станува порепресивна дома и поагресивна во странство

Портпаролот на Комисијата напиша во твит дека ќе разговараат за војната на Русија во Украина, енергетските прашања и подготовките за патувањето во Кина, вклучително и нивната заедничка средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Пред посетата на Кина со Макрон, Фон дер Лајен рече дека Кина станува сè порепресивна дома и сè поагресивна во странство, заменувајќи ја ерата на реформи и отворање со ера на безбедност и контрола, каде што компаниите во Кина се принудени да и помагаат на државните операции за собирање разузнавачки информации.