Македонец од Мелбурн по потекло од Куманово, работи во ООН

Сподели со своите пријатели

Македонецот Ананија Ананиевски е младо момче роденo во Мелбурн. Тој е еден од најуспешните млади Македонци во Австралија. Неговата мајка е по потекло од Куманово.

Уште како дете Ананија бил одличен ученик и со одличен успех го завржува средното образование во „Trinity Grammar School Kew.“ Ананија има завршено не два, туку 3 факултети во Австралија – Меѓународни односи на La Trobe University и Теологија на Holy Trinity Orthodox Seminary, како и факултет по медицина, пишува порталот Фаланга.

Ананија како младо момче успева да се вработи во парламентот на Викторија каде работи од 2009 до 2014 година. Подоцна од 2014 до 2016 година работи во Австралискиот парламент во Канбера. Во 2016 започнува да работи во владата на Австралија во министерството за надворешни работи и трговија.

Она што Ананија го прави посебен, како што наведува порталот Фаланга,  и со што слободно може да се закити со епитетот најуспешен млад Македонец во Австралија е сето горе наведено, но и најновата позиција која што Ананија ја добива, а тоа е Втор секретар на Постојаната мисија на Австралија во Обединетите нации во Њујорк, за секторот за јавно здравство, меѓународен развој и епидемиологијата.

Но исто така во исто време станува и дел од екипата за конзуларни и дипломатски односи помеѓу Австралија и Тихоокеански острови во Океанскиот континент.

Целиот текст прочитајте го на: falanga.com.au

Loading...

Leave a Reply