Мајка поставила плакати за да најде момче за ќерката, позадината на приказната растажи многумина

Сподели со своите пријатели

61-годишната Бет Дејвис од Бостон ги насмеа луѓето со потегот што го направи да пронајде партнер за нејзината 30-годишна ќерка Моли.

Loading...

Прво, Бет отворила профил за нејзината ќерка на апликација за наоѓање партнер, а потоа следел втор чекор.

На Тајмс Сквер, во центарот на Њујорк, бил објавен огромен постер со фотографија од Моли и натпис дека нејзината мајка ѝ бара момче.

 

 

На многумина, потегот им изгледаше симпатично, а потоа Бет ја откри позадината на приказната.

Си-Ен-Ен пишува дека минатата година ѝ бил дијагностициран рак на дојка, кој брзо метастазирал во коската.

Loading...

Единствената желба на Бет е да ја види својата ќерка среќна и заљубена и да знае дека ја остава во добрите раце на партнерот.

 

 

„Од моментот кога Моли ќе се разбуди, дава се од себе за да го подобри животот на луѓето околу неа. Секој би бил среќен да ја има покрај себе”, изјавила Бет.

Моли рече дека потегот на нејзината мајка и е симпатичен  и дека не и е срам што завршила на голем постер.