Мајка која не се плаши од бактерии му дозволува на своето дете да јаде земја и камења (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мајката Ферн има алтернативни методи на воспитување. Покрај тоа што го охрабрува нејзиниот син да избере име за себе кога ќе стане полнолетен, таа  бара од луѓето да не ги мијат рацете кога ќе го допрат нејзиното бебе и и дозволува да јаде камења.

Loading...

„Зошто му дозволувате да јаде песок?“, ја праша Ферн праша едно лице на „Тикток“.

Во клипот кој собра 16,8 милиони прегледи, мајката веганка објаснува дека му дозволува на своето бебе доенче исклучиво да јаде „стапови, камења, песок, нечистотија и да лиже колички за пазарење, бидејќи не верува во кампањи насочени кон промена на јавните перцепции за здравјето.”

„Не се плашам од бактерии, всушност, тие се добредојдени. Верувам во природата и моето бебе”, вели таа.

Иако ја исклучила можноста за коментирање, нејзината снимка предизвика загриженост кај многумина.

Јутуберите Mr Beard и nickisnotgreen заедно го снимија својот коментар и го објавија во форма на видео со наслов „Оваа жена ќе го убие своето дете“.

 

Loading...

 

Тие составиле неколку нејзини видеа, вклучително и едно во кое Ферн ги нарекува антибиотиците „отров за бебиња“.

„Најстрашно е што таа нема да дозволи детето да зема антибиотици. Значи, кога ќе собере некоја инфекција, нема да му даде лек што може да го излечи”, вели Mr Beard.

Во друго вирално видео, мајката открила и дека ги советува другите да не ги мијат рацете пред да го допрат новороденото бебе.

„Да, бебе со силен имунолошки систем ќе се бори против вирусот многу поефикасно отколку бебе со послаб имунолошки систем“, се согласува едно лице, додека друго саркастично додава: „Да, рацете треба да се мијат ОТКАКО ќе ги допреме бебињата“.

 

@comingupfernBebe needs all the bacteria he can get #crunchymom #holistic #freebirth #homebirth #homebirthbaby

♬ original sound – 🤍