Лукашенко денеска оди кај Путин во Москва

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска отпатува за Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, неговиот близок сојузник, за повеќе теми, меѓу кои доминира војната во Украина.

Loading...

Лукашенко и Путин треба да разговараат за напредокот во создавањето сојузна држава Русија и Белорусија, се вели во соопштението за печатот од Кремљ.

Русија планира, според внатрешен документ кој претходно го видоа некои медиуми, да преземе целосна контрола над соседна Белорусија најдоцна до 2030 година под изговор за спојување на двете земји.

На вториот ден од посетата на руската престолнина, Лукашенко и Путин ќе разговараат за „актуелните билатерални и меѓународни прашања“, се наведува во соопштението за печатот.

Меѓу билатералните прашања е и стационирањето на тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија директно на границата со Полска, што Путин го најави викендов.