Лукаревска од Куманово: На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас

Сподели со своите пријатели

„На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас“ – порача денеска од Куманово Сања Лукаревска, носител на Изборна единица 2 и актуелен директор на Управата за јавни приходи.

Loading...

Според Лукаревска, 5ти јули е денот кога ќе се одржат изборите, односно 22 дена по завршување на вонредната состојба, согласно законот.

– Ние немаме право и не смееме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови. Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето. И обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните идеи за избори да се организираат среде лето, кога најголем дел од граѓаните одат на одмор, рече Лукаревска.

Како што рече таа, државата и институциите покажале капацитет за справување со последиците од коронавирусот и се подтовени да организираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници.

– Само целосно функционални институции, со завршени избори позади нас, можат да ја спроведат новата развојна македонска економија. Фукционални институции, за нова македонска економија, се неопходни за поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, за да може повеќе да се троши, за подобро да се живее и повеќе да се работи. За заштита на постоeчките, и креирање на нови работни места, особено во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата. За зголемена конкурентност на нашите компании на домашно, регионално и глобално ниво. За интервентно активирање на домашниот туризам. За промоција на нови земјоделски култури и поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно производство. За развој на економските дејности со воведување ИТ и онлајн активности и алатки. За стимулирање и зголемување на безготовинските и онлајн плаќања, како инструмент за сузбивање на сива економија, изјави Лукаревска.

Како што рече, тоа е планот за нова развојна економија. Време е, според Лукаревска, да завршат изборите и да се продолжи напред со полн капацитет и да се развие економијата и да се заштити здравјето на граѓаните.

Никола Ивановски

Leave a Reply