Луѓето можеби ќе патуваат низ времето: Пилотите учат со умот да управуваат со нови технологии

Сподели со своите пријатели

Во 2007 година, Пентагон тајно одобрил нов проект поврзан со истражување на вселената и вонземски живот.

Loading...

На чело на програмата бил Луис Елизондо, владата им обезбедувала буџет од околу 4,5 милиони долари годишно, а по пет години, кога почувствувале дека работата е завршена, програмата била затворена.

За неа се потрошени вкупно 22 милиони долари.

 

Вонземјаните ќе ги пронајде вештачката интелигенција, луѓето се премногу бавни…

 

Елизондо ја напушти својата работа по децении во американската војска, обвинувајќи ги своите шефови за прикривање на вистината и минимизирање на потенцијалните закани од вселената, а по неколку години правна битка, судот неодамна одлучи дека резултатите од неговото истражување треба да бидат јавно објавени. Кога јавноста веќе платила за нив…

И истите тие резултати ги шокираа сите.

Loading...

Затоа што во својот извештај, кој го работел за Пентагон, во соработка со десетици други научници по астрофизика, тој наведува некои неверојатни работи.

За почеток не е исклучено патувањето низ времето, пишува The Sun.

– Со помош на антигравитациската технологија би можеле да произведеме нови, понапредни авиони. Доколку целосно научиме да ја „контролираме“ гравитацијата, тоа потенцијално би ни овозможило да патуваме побрзо од брзината на светлината, како и да скокнеме низ времето – според до неодамна тајниот извештај.

 

Нисан и НАСА развиваат нова генерација батерија за електрични автомобили

 

Покрај тоа, американската влада нарача истражување за вселенска колонизација.

Од извештајот е јасно дека ќе испрати поединци на такви акции, кои потоа, со помош на новите технологии, би можеле да летаат со четири авиони одеднаш. Со помош на својот ум.

Loading...

– Ги истражувавме можностите за контролирање на технологијата и роботите со умот и како да го подобриме човечкиот мозок за да биде подготвен за такви задачи. Во моментов веруваме дека едно лице може да контролира до четири авиони – се вели во извештајот.

Овој декласифициран документ содржи и упатства како да се комуницира со вонземјани, но содржи и истражување за здравјето на луѓето кои тврдат дека имале близок контакт со „малите зелени“.

Иако овој проект на Пентагон е затворен, за Елизонд нема сомнеж. Вонземјаните постојат и ние мора да се подготвиме за контакт.

Дури и самиот Пентагон неодамна призна дека американските војници пријавиле 144 случаи на непознати летечки објекти за кои не можат да докажат дека се земски…