Ловокрадци убија редок бел носорог поради сантиметар рог

Сподели со своите пријатели

И покрај тоа што рогот намерно и бил скратен поради заштита, ловокрадците во Јужноафриканската Република убиле жена од редок бел носорог, поради остаток од рог кој бил долг само еден сантиметар.

Жената по име Бела, имала четири младенчиња, а во моментот на напад во резерватот „Крага кама“ покрај неа се наоѓало најмалото, по име Танк.

Иако го туркала цело време и притоа го повредила, доволно го отуркала за да ловокраците не го фатат.

Белите носорози се една од четирите преостанати видови носорог, кои не можат многу да се видат во дивините, туку само во резервати.

За жал и таму веќе не се сигурни.

Leave a Reply