Лидерот на ДНР: Има околу 5.000 украински воени затвореници на територијата на ДНР

Сподели со своите пријатели

Лидерот на сепаратистичката украинска република Доњецк Денис Пушилин денеска изјави дека околу 5.000 украински воени заробеници се наоѓаат на териториите што ги контролираат властите на ДНР.

Loading...

Според него, околу 2.400 од нив се предале од територијата на Азовстал.

 

Романија го враќа МИГ-21 во употреба поради војната во Украина

 

„Што се однесува до бројката, ако зборуваме за последните единици на Азов кои се предадоа од Азовстал, тогаш ги има 2.439. А пред тоа има уште околу три илјади, но тоа се мешани единици на вооружените формации на Украина“, изјави Денис Пушилин, пренесува Тасс.

Претставникот на сепаратистичката Луганска Народна Република во Москва вчера изјави дека на нејзината територија и на територијата на ДНР има вкупно околу осум илјади украински воени затвореници.