Лажна лекарка осум месеци „лекувала“ болни од коронавирус

Сподели со своите пријатели

Неименувана жена (27) од Сиднеј, Австралија, се преправала дека е матичен лекар и „се грижела“ за пациентите со Ковид осум месеци, за време на нејзиниот ангажман во градската болница.

Loading...

Во моментов е во тек полициска истрага, а портпаролот на болницата за медиумите изјави дека во понеделникот откриле дека жената што се претставила како доктор всушност не била регистрирана во Австралиската здравствена агенција, пренесува „Индипендент“.

„Таа веднаш беше отстранета од своите должности“, вели тој, по што болницата го проследи случајот до полицијата во Нов Јужен Велс за истрага.

Наводно, жената тврдела дека е лекар, и работела во болница од јануари до август, фалсификувајќи документи за да се вработи.

Во понеделникот болницата ѝ побарала документи кои таа не можела да ги обезбеди, па нејзините претпоставени веднаш повикале полиција.

Осомничената може да биде прогласена за виновна за неколку кривични дела, вклучувајќи измама, доколку нејзината вина се докаже на суд.

Другите лекари вработени во болницата биле шокирани од потегот на нивниот „колега“, а локалните жители се загрижени за пропустот, што, како што велат, не го очекувале во нивната област.

„Не може да ве лекува некој што не е квалификуван за тоа, па се ставате себеси во опасност“, вели еден локален жител.

Loading...