Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија сака дипломатија, а не војна, по американскиот повик да се „врати на преговарачка маса“ и да не се напаѓа Украина.

Loading...

„Ние го избравме патот на дипломатијата пред неколку децении“, рече Сергеј Лавров во интервјуто емитувано на неколку руски медиуми.

Тој рече дека Русија мора да работи со сите и тоа е нејзиниот принцип.

„Ако е до Русија, нема да има војна. Не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси да бидат грубо газени, игнорирани“, рече Лавров.

 

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

 

Акумулацијата на десетици илјади руски војници на границите на Украина во последните недели ги поттикна стравувањата од инвазија. Русија негира дека планира напад.

Loading...

Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека постои можност Русија да ја нападне Украина следниот месец.

САД побараа во понеделник седница на Советот за безбедност на ОН за кризата околу Украина.