Курдите го напуштија сирискиот град, потврди и Турција

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на главната курдска група во Сирија изјави денеска дека нивните борци го евакуирале северниот град Рас ал-Аџин и дека веќе немале вооружено присуство таму.

Loading...

Портпаролот на сириските демократски сили изјави дека денешната евакуација е дел од договорот за прекин на огнот со посредство на САД.

Сириската невладина опсерваторија исто така објави дека Курдите го завршиле повлекувањето од градот, а потврдено е и од турското Министерство за одбрана.

Конвој со 86 возила го напуштил Рас ал-Аџин и тргнал во правец на Тал Тамра, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана, додавајќи дека турските сили не ја спречиле евакуацијата.

Според договорот постигнат со САД, турските сили воведоа петдневен прекин на огнот во северна Сирија каде што беа во офанзива, за да им овозможат на курдските сили да се повлечат од граничната зона со длабочина од 32 километри.

Договорениот прекин на огнот истекува во вторник.

По повлекувањето, курдските борци треба да се распоредат на 120 километри во Рас ал-Аџин и Тал Абад, длабок 30 километри.

Вашингтон ги поддржува Курдите во борбата против Исламската држава, додека Турција ги смета Курдите за терористи.

Loading...

Leave a Reply