Кумановското здружение на пензионери ќе ги помага своите членови со со ваучер од 1.000 денари

Сподели со своите пријатели

Кумановското здружение на пензионери ќе доделува еднократна парична помош, вачуер од 1.000 денари за членовите, чија пензија не надминува 10.000 денари, соопштија денеска надлежните од ова здружение.

Loading...

Пензионерите ќе имаат можност да го искористат ваучерот во некој  трговски објект и да се снабдат со намирници.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени 350 пензионери.

Надлежните од трите ограноци на кумановското здружение од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе треба да достават предлог листи на пензионери кои можат да ја користат оваа помош. Притоа, треба да достават чек кој докажува дека пензијата не го надминува утврдениот износ и документ за лична идентификација.

-Најсреќни и најзадоволни ќе бидеме доколку овие средства завршат кај оние пензионери на кои најмногу во дадениот момент им се потребни. Мислам дека овој проект и активност здружението на пензионери ќе ја заврши успешно. Наредните три години ќе бидат опфатени околу 1.200 пензионери кои ќе ги користат овие бенефити што ги доделува здружението. Тие пензионери плаќаат чланарина и ние во нашите програми уште кога почнавме кажавме дека ќе правиме напор пензионерскиот денар да тргне таму од каде што и доаѓа, кај оние што се најсиромашни и најмногу им се потребни, посочи претседателот на Здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.

Оние кои еднаш ќе ја искористат оваа мерка ќе немаат право да аплицираат наредната година.

На подрачјето на трите општини има околу 14.000 пензионери.

Leave a Reply