Кумановските пожарникари добија 40 грбни пумпи за гаснење шумски пожари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово добија 40 нови грбни пумпи – „напртњачи” за гаснење на шумски пожари на отворен простор, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Во 2020 година, како што вели Димитриевски, пожарникарите од ТППЕ Куманово добија нова заштитна опрема вклучувајќи 33 нови одела, кои ги користат за гасење на пожари на отворен простор во урбаните и руралните средини. Дополнително од Општина Куманово беше обезбедено мобилно возило за брзи интервенции.

 

 

Loading...

– Во 2019 година беа набавени 30 заштитни интервенциски противпожарни комплети  составени од противпожарно заштитно одело, професионални ПП чизми, професионални пожарникарски ракавици и шлемови со средства обезбедени од Општина Куманово. Продолжуваме со континуирано опремување на единицата на ТППЕ Куманово и останатите јавни служби во наше Куманово, вели Димитриевски.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply