Кумановските административци чистеа на повеќе локации (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вработените во јавната администрација од Куманово денеска се приклучија на акцијата за чистење на јавни површини со цел да го одработат 2 јануари.

Loading...

Околу илјада кумановски административци, вработени во општината, јавните претпријатија и институциите од централно ниво, чистеа на повеќе локации во градот.

Акциите започнаа во 9 часот на булеварот „Октомвриска револуција“, меѓу зградите зад СОУ „Перо Наков“, Градскиот парк, околу Градскиот базен, Зелениот пазар и Пречистителната станица во населбата Вера Которка.

Асистенција на административците им беа вработените во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од каде добија и алат за работа. Колку смет точно собрале ќе се знае дополнително, вели директорот Даниел Стојчевски.

– Оваа акција која започна денеска ќе премине во една пракса која во иднина ќе ја практикува администрацијата и ќе зеде активно учество во расчистување, но и ќе реагира превентивно за развивање на свеста кај граѓаните за создавање што помалку отпад за да имаме почиста животна средина, рече Стојчевски.

Ваквата одлука ја донесе Владата на Република Северна Македонија, со цел да се одработи 2 јануари кој за администрацијата беше неработен ден.

Loading...

Вработените во образованието, градинките, здравството не беа дел од ваквите акции, додека поради разбирливи причини изземени беа и полицијата и пожарникарите, кои чистеа во околината во која работат.

Leave a Reply