Кумановскиот плоштад „Маршал Тито“ ќе добие нов лик

Сподели со своите пријатели

Плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово кој се наоѓа кај Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, познат како мал шлоштад, наскоро ќе добие целосно нов лик, а заедно со реконструкцијата, Општина Куманово ќе изгради и нови фонтани.

Вкупно 1.880.000 денари без ДДВ или околу 30.000 евра тежи огласот за тендерска постапка кој локалната самоуправа го распиша преку Бирото за јавни набавки. Огласот е распишан 18 месецов, а компаниите своите понуди треба да ги достават најдоцна до утре. Тендерот ќе го добие фирмата која ќе има најниска понудена цена.

Плоштадот на кој доста од плочите се оштетени, наскоро ќе бидат изградени и нови фонтани, кои во комбинација со спомен обележјата кои таму се наоѓаат треба да понудат ново катче за рекреација и прошетки на кумановци.

фото: visitkumanovo

Leave a Reply