Кумановската Гимназија одбележа 148 години од раѓањето на патронот Гоце Делчев

Сподели со своите пријатели

Македонија денеска одбележува 148 години од од раѓањето на херојот и револуционер Гоце Делчев.

Loading...

По тој повод бројни делегации свежо цвеќе денеска положија и пред бистата на Делчев во дворот на Гимназијата во Куманово, која со гордост веќе 74 години го носи неговото име.

Претставници на општина Куманово, Советот, државни и локални институции, политички партии и невладини организации денеска му одадоа почит на најголемиот херој.

Покана за чествувањето очигледно не добија само претставниците за медиумите.

Името на револуцонерот храбро го претставуваат на многу домашни и меѓународни натпревари на кои редат големи успеси.

Инаку, Делчев е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Никола Ивановски

Leave a Reply