Кумановската болница ќе добие нов инкубатор за интензивна нега

Сподели со своите пријатели

Дванаесет здравствени установи, меѓу кои и Општа Болница Куманово, ќе добијат 40 инкубатори за интензивна нега, одлучи Владата на денешната седница. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ќе добие 24 инкубатори, Детската клиника шест, а 10 инкубатори ќе бидат доставени до десет здравствени установи во земјата.

– На денешната седница Влaдата ја усвои одлуката за давање на трајно користење на осум инкубатори за интензивна нега на Јавната здравствена установа, како и одлука за давање на трајно користење на уште шест инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести од Скопје, се вели во соопштението од Владата.

Во него се додава дека на предлог на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Владата донела одлука за давање на трајно користење на уште 16 инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје, како и 10 инкубатори на клиничките и општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица, како и на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, во Скопје.

Извор: МИА

Loading...